21 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАТој заработи 7,4 милиони долари од Youtube!

Тој заработи 7,4 милиони долари од Youtube!

feliks youtube

Неговото име е Феликс Келберг. Тој има 37.76 милиони претплатници на својот „Youtube“ канал – „PewDiePie“, што е повеќе од населението на Канада.

Само за 2014-та година приходите на Келберг изнесуваат 7,4 милиони долари, со што тој ја зазема челната позиција меѓу луѓето кои заработуваат пари од „Youtube“.

Приходите за претходната година се 3 милиони долари, но и покрај тоа тој вели дека му е преку глава да зборува за пари.

„Во ретките интервјуа кои сум ги давал, главната тема се врти околу парите. Колку и да е интересно, во 90% од времето зборуваме за мојата заработка. Уморен сум од тоа“, изјави тој.

Келберг е познат најмногу по тоа што споделува видео записи во кои игра на одредени видео игри, а притоа им раскажува на гледачите. За 2014-та година неговите видеа се видени повеќе од 9 милијарди пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП