13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција ги отфрли шпекулациите дека подготвува нова валута

Грција ги отфрли шпекулациите дека подготвува нова валута

drahmamama

Грчкото министерство за финансии ги отфрли медиумските шпекулации дека Грција подготвува емитување на нова валута за да може да ги исплати пензиите и платите до крајот на јули.

Грчкиот весник Катимерини, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека грчката Општа слушба за сметковоство подготвува да емитува потврда за долгот за исплата на пензиите и платите на државните службеници до крајот на месецот, во случај до тогаш да не дојде до постигнување на договор меѓу Атина и кредиторите, јави Reuters.

„Извештајот е целосно неоснован. Таквите шпекулации се насочени кон државата и претставуваат опасност во моменри кога преговорите со кредиторските партнери се во клучна фаза“, се вели во соопштението на грчкото мминистерство за финансии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП