11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција преполна со туристи, но резервациите се намалуваат

Грција преполна со туристи, но резервациите се намалуваат

travel_mykonos-harbor-1

Во шпицот на на туристичката сезона Грција е преполна со туристи, но економско – политичките случувања последната недела донесоа откажување и намалување на бројот на резервации.

„Резервациите се намалија за 20 до 30 отсто“, изјавил Австралијанецот Едвард Фишер, кој 12 години е сопственик на туристичката агенција “Athens bekpekers” и “Atens studios”, којашто организира тури на актрактивни локации во близина на Акропол, главно за млади патници без голем буџет.

Тој за намалувањето на резервациите ги обвинува странските медиуми и верува дека тоа ќе биде само привремен пад.

Туризмот и девизниот прилив од него се од витално значење за грчката надеж за опоравување на длабоко задолжената држава.

Светскиот совет за патување и туризам соопшти дека директниот придонес од туризмот за Грција во 2014 година бил повеќе од 29 милијарди евра, што е повеќе од 17 отсто од Бруто домашниот производ на земјата.

Националната туристичка организација на Грција ги уверува туристите дека нивните кредитни и банкарски картици работат нормално и дека рестрикциите кои важат за грчките граѓани, не важат и за туристите.

Лисандрос Цилидис, претседател на Грчката асоцијација на патничките и туристичките агенции вели дека цифрите ширум земјата се стабилни. „Повеќе има гласини за откажувања, отколку што навистина има откажување на резервациите. Резервации се уште стигнуваат и туристите немаат никакви проблеми“ изјавил Цилидис.

Ова го изјавиле и посетители на Акрпол и околни знаменистости, кои за АП велат дека одморот го поминуваат нормално.

„Видов неколку редови пред банкомати, но нема огромни редови“ изјавила Лусијана Суза, бразилски адвокат на којашто ова и е прво патување во Грција.

Но на оние кои се уште не го резервирале патувањето, ваквите гаранции не им го намалија стравот дека во банкоматите и банките наскоро ќе снема готовина, освен ако нема инфузија на евра од Европската централна банка или друг извор.

Некои ресторани и хотели поставиле написи дека не прифаќаат кредитни картички, и покрај владините ветувања.
Стотици Грци зависат од приходите од туризмот во летните месеци, од што тие и нивните семејства живеат цела зима.

Директорот на агенцијата „Madjestik trаvel“, Василиос Елман во центарот на Атина вели дека затворањето на банките ја отежанало неговата работа.

„Не можеме да работиме како претходно, бидејќи немам брз пристап до фондовите кога луѓето плаќаат со картички. Огромна количина пари ми е заглавена во банка“ изјави директорот.

Неговата агенција и понатаму прифаќа кредитни картици, но потребни се денови и недели додека не дојдат до пари преку различни системи на аелектроснкото банкарство.

Елман има неколку истовремени проблеми: туристите го скратуваат престојот или го откажуваат доаѓањето во Грција, а голем број Грци се загрижени за своите финансии, а посебно поради тоа што не можат да дојдат до пари, ги откажуваат летните одмори кои најмногу ги поминуваат во Грција.

„Мислам дека летово бројот на Грциве кои одат на одмор ќе падне на нула, навистина мислам на нула. Оваа сеозна е уништена . Странските амбасади предупредуваат на проблеми, па луѓето се премислуваат да дојдат во Грција“ вели тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП