26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: Одговорот на грчката криза лежи во зајакнувањето на Унијата

Јункер: Одговорот на грчката криза лежи во зајакнувањето на Унијата

junker-zan-klod-junker-

Одговорот на грчката криза лежи во зајакнувањето на монетарната и економската унија, изјави денес претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер во обраќањето пред европратениците во Стразбур.

Одговорот на грчката криза не е во тоа да не правиме ништо, туку добриот договор е во тоа да ја продлабочиме монетарната и економската унија, рекол Јункер.

Додал дека би требало да се постигне согласност околу сите предложени чекори за решавањето на кризата во Грција.

Говорејќи за проблемот со имигрантите, челникот на ЕК изјавил дека нема причина Европа да се гордее со тоа што неколку десетици илјади лица веќе се згрижени.

„Никого не критикувам, но тоа што Европа згрижи околу 60 илјади луѓе и не е некое достигнување“, соопштил Јункер.

Претседателот на Комисијата додал дека таа предложила воспоставување на обврзувачки систем за згрижување на имигрантите но дека договор е постигнат тие луѓе да се згрижуваат по систем кој функционира по принципот на доброволност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП