26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција доби последен рок, ЕИ има разработен план за нејзино излегување

Грција доби последен рок, ЕИ има разработен план за нејзино излегување

eusi 33

Европската унија има до детали разработено сценарио за излегување на Грција од еврозоната, која има рок до четвртокот да предаде прифатливо барање за нова финансиска помош или во спротивно нема да може да избегне црно сценарио, предупредија лидерите на европските институции.

„Имаме до детали разработено сренарио за Грекзит“, предупреди претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер по завршувањето на вонредниот самит на еврозоната, кој беше посветен на Грција.

Тој додаде дека е разработено и сценарио за хуманитарна помош за да се сочува достоинството на грчкиот народ, како и преферирано сценарио за останување на Грција во еврозоната, но за возврат од неа се очекува да изнесе веродостоен план за реформи како би добила помош.

„Вечера не постигнавме договор. Новиот самит на сите 28 членки на ЕУ закажан е за во недела“, рече Јункер, додавајќи дека не може да се исклучи ниту една хипотеза. Пред самитот, во саботата предвидено е да се одржи состанок на министрите за финансии на еврозоната.

„Состојбата е многу критична и не можеме да го исклучиме црното сценарио. Доколку нема договор до недела ќе мораме да разговараме за последиците за целата ЕУ“, рече претседателот на европскиот совет, Доналд Туск.

„Ова е најкритичниот момент во нашата историја“, порача Туск.

„Цврста реалност е дека сега имаме само пет дена да постигнеме конечен договр. До сега одбегнував да говорам за крајни рокови, но сега морам гласно и јасно да кажам дека крајниот рок истекува оваа недела. Сите сме одговорни за кризата и сите имаме одговорност да ја решиме“, рече Туск.

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека не е претеран оптимист дека до недела ќе биде постигнато решение.

На прашањето дали може Грција да излезе од еврозоната доколку не изнесе уверливи реформски предлози, Меркел рече дека на самитот во недела ќе биде одлучено дали ќе се отворат преговори за двегодишна програма за помош на Грција.

Меркел информираше дека во вторникот не се разговарало за можноста Грција да воведе паралелна валута.

Таа додаде дека еврозоната стои при своето прво ветување од 2012 година дека ќе го олесни должничкиот товар на Грција доколку ги исполни условите, но не доаѓа в предвид простување на долговите, бидејќи тоа не е дозволено со договорот на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП