3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШулц: Ципрас во среда ќе се обрати во ЕП

Шулц: Ципрас во среда ќе се обрати во ЕП

cipras-shulc-cipras-shulc

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Мартин Шулц потврди во вторник дека грчкиот премиер Алексис Ципрас во среда ќе се обрати пред европратениците.

„По нашиот телефонски разговор, Ципрас потврди дека утре ќе дојде на пленарна седница во Стразбур“, порача преку Twitter Мартин Шулц.

Водачот на либералниот пратенички клуб Гај Верхофштад во вторник претпладне за време на расправата за Грција остро го критикуваше Ципрас заради недоаѓањето во ЕП.

„Скандалозно е да одбивате да доаѓате во ЕП на расправата за Грција. Вие сте премиер на Грција, лулката на демократијата“, рече Верхофштад во расправата.

Пратениците во вторник утрото расправаа за Грција со претседателот на Европската комисија(ЕК) Жан Клод Јункер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП