19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната не очекува во вторник нов грчки предлог, Атина тврди дека има...

Еврозоната не очекува во вторник нов грчки предлог, Атина тврди дека има договор

Imageaaa

Новиот грчки предлог за помош не се очекува во вторникот, на состаноците на министрите за финансии и подоцна на челниците на еврозоната и нејзини функционери очекуваат дека тоа се очекува дури во среда, додека од грчкото министерство за финансии негираат дека Атина „нема нов предлог“ и тврдат дека готовиот предлог за нов договор со доверителите грчката делегација го понела на самитот на Еврогрупата.

„Тврдат дека ќе поднесат ново барање и можеби ќе го изнесат предлогот до денес (среда)“, рекол за Reuters висок европски функционер кој барал да остане анонимен.

Друг функционер рекол дека грчката делегација на состанокот на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната (Еврогрупата) не изнел никаков официјален предолг за финансиска помош. „Доколку навистина утре имаат намера да изнесат нешто, мора да знаат дека тогаш овде можеби нема да има никој да го прочита“, рекол за агенцијата неименуван функционер.

Претставник на грчката влада изјавил дека во среда, во последниот обид да се спаси договорот за помошта со доверителите, на членовите на Европскиот парламент ќе им се обрати премиерот Алексис Ципрас.

Извор од министерството за финансии во Атина за агенцијата РИА Новости бил упорен во тврдењето дека Грција има нов предлог за договор кој ќе биде претставен на самитот на Еврогрупата.

„Грчката делегација замина не со нови предлози, туку со нов договор. Тој ги содржи и предлозите. Во моментов не станува збор за предлог, ни е одиме со нов договор. Со готов нов договор“, рекол неименуваниот соговорник на агенцијата.

Според него, текстот ќе биде разгледуван со доверителите и може да се менува. „Не е вистина кога зборуваат дека нема предлози. Не се во прашање предлозите, ние правиме нов договор. Што тој ќе вклучува, може да биде разгледувано утре подетално. Не е точно дека нема нови предлози“, го цитира РИА анонимниот грчки функционер.

Од своја страна, од кабинетот на новиот грчки министер за финансии, Евклидос Цакалотос, за агенцијата рекле дека новите предлози биле испратен уште минатата седмица.

„Очекуваме разгледувањето да заврши на самитот на Еврогрупата. Минатата седмица грчката страна ги испрати предлозите, кои ќе бидат разгледани. Односно грчката делегација оди со предлози коишто ќе бидат дискутирани“, рекла соговорничката на агенцијата, коментирајќи ги медиумските извештаи дека грлата делегација во Брисел не предложила ништо ново.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП