17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во јуни изнесувала 0,5 отсто

Инфлацијата во јуни изнесувала 0,5 отсто

cdf01990e7ec497cbe4b386ee8555d39

Индексот на трошоците на животот, кој е клучниот показател за движењето на инфлацијата, во јуни во Македонија бележи пораст од 0,5 отсто, во споредба со истиот месец лани.

Инфлацијата на месечно ниво останала непроменета, се наведува во сооштението на Државниот завод за статистика објавено во вторникот.

Иако индексот на трошоците на животот е на исто ниво како и претходниот месец, забележано е движење во подгрупите.

Пораст е забележан кај свежото овошје за 18,5 отсто, сувото овошје за 4,0 отсто, маслото и маснотиите за 3,1 отсто, другите прехранбени производи за 1,3 отсто, јајцата за 1,0 отсто, рибата, конзервираната риба и алкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Исто така, пораст на индексот на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги за 6,2 отсто, услугите за сместување за 4,3 отсто, информатичката опрема за 1,9 отсто, течните горива за домаќинствата за 0,4 отсто и електричните апарати-големи за 0,3 отсто.

Намалување на индексот во споредба со претходниот месец е забележано кај свежиот зеленчук за 8,6 отсто, конзервираните месни производи за 0,7 отсто, полутрајните колбасичарски производи за 0,6 отсто, трајните колбасичарски производи за 0,5 отсто и месото за 0,2 отсто.

Во јуни, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано и кај авионскиот превоз на патници за 7,4%, гасот за домаќинствата за 4,2 отсто, цврстите горива за 1.2 отсто, обувките за 0,6 отсто, средствата за лична хигиена за 0,4 отсто, мебелот и течните горива и мазива за 0,2 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП