12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален дефицитот, но и обемот на трговската размена

Намален дефицитот, но и обемот на трговската размена

izvoz 50

Трговскиот дефит на Македонија во надворешно трговската размена во првите пет месеци од годината се намалил за над 250 милиони долари, но намалување од близу 650 милиони долари има и кај вкупниот обем на размената.

Македонија во периодот јануари- мај остарила трговски дефицит од 775 милиони долари, додека во истиот период лани дефицитот изнесувал 1,03 милијарда долари.

Вкупниот обем на трговската размена на Македонија со светот во наведениот период изнесува 4,27 милијарди долари, наспроти минатогодините 4,92 милијарди долари.

Намалување има и кај страната на извозот, кој бележи пад од речиси 200 милиони долари, и кај увозот, каде што намалувањето изнесува 450 милиони долари.

Покриеноста на увозот со извоз е 69,3 отсто, додека во период , јануари – мај 2014 година била 65,4 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката.

Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивните легури, необработени или во облик на прав.

Според вкупниот обем на надворешно- трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија (50,8% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП