5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБродот на Велија Рамковски повторно плови по Охридското Езеро

Бродот на Велија Рамковски повторно плови по Охридското Езеро

Image6667

Бродот „Чан“ на бизнисменот и поранешен сопственик на А1 телевизија, Велија Рамковски, кој поради несоодветна документација, долги години стоеше закотвен во каналот Студенчишта, деновиве плови по Охридското Езеро.

Од Капетанијата на пристаништата во Охрид велат дека на бродот му била издадена дозвола за пловидаба уште во текот на минатата година и бил регистриран како чамец за спорт и рекреација, пишува OhridNews.

Според информациите кои ги добивме оттаму, бродот сега има нови сопственици кои го купиле на лицитација, која била спроведена од страна на надлежните државни служби и сега плови под името „Рагуса“.

Рамковски овој брод го купи од охридската компанија АМАК СП во мај 2007 година, но поради непотполна документација Oхридската Капетанија претходно не го регистрираше. Исто така Охридскиот основен суд во текот на 2008 година донесе времена мерка забрана за отуѓување на бродот, поради нерешени сопственички односи. Времената мерка беше изречена поради основано сомнение дека спорниот брод всушност е бродот „1-ви Мај“ кој на непознат начин бил оттуѓен од ЈП „Охридски Комуналец“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП