6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОд газирани сокови годишно умираат 180.000 луѓе

Од газирани сокови годишно умираат 180.000 луѓе

gaz sokovi

Студија спроведена од истражувачите од Универзитетот Тафтс покажува дека еден од сто смртни случаи кај гојазни луѓе е резултат на конзумација на газирани сокови.

Студијата е нарачана од Меѓународната фондација за инфомирање за храната (IFIC), за да се покаже како газираните пијалоци делуваат на човечкиот организам.

Резултатите покажуваат дека прекумерната конзумација на газирани пијалоци е одговорна за смрт на дури 180.000 луѓе секоја година.

Според студијата, шеќерите во пијалоците се одговорни за смрт на 133.000 заболени од дијабетес, 45.000 заболени од кардиоваскуларни болести и 6.500 заболени од рак, што според лекарите е многу загрижувачко.

Професорот Дариуш Мозафаријан, декан на Фридмановата школа за прехрамбени науки, и еден од авторите на оваа студија вели дека она што загрижува е порастот на конзумирање на газирани пијалоци кај младата популација како и порастот на смртноста поврзани со болести како гојазност и дијабетес кои настануваат при нивно конзумирање.

„Во САД, на пример, околу 10 отсто смртни случаи кај лица помлади од 45 години директно се поврзани со конзумација на зашеќерени пијалоци“, вели професорот, а додава и дека расте бројот на оние кои развиваат болести поврзани со конзумација на зашеќерени сокови кои пак се полни со вештачки засладувачи.

Во главно се работи за помлади лица кои рано развиваат зависност за таков вид шеќери, што во нивните средни години доведува до развој на многу болести.

Најголем број смртни случаи поврзани со шеќерите во соковите, односно со газираните пијалоци, се во земјите во развој, особено во Јужна Америка, а на врвот на скалата е Мексико.

Додека научниците предупредуваат за штетноста на газираните пијалоци и шеќерите во нив, Американското здружение на производители на пијалоци тврди дека резултатите од истражувањето не може да бидат релевантни, дека не покажуваат директна повраност со појавата на хронични болести кај луѓе кои конзумираат пијалоци богати со шеќери.

IFICF, кои го нарачаа истражувањето напоменува дека со оглед на тоа дека ова е прво такво истражување, резултатите не мора да бидат сто отсто точни. Но, како што напоменува Business Insider, тие критики треба да се земат со `зрно сол`, токму поради тоа што водечките светски мултинационални компании кои произведуваат такви пијалоци се вклучени во работатта на IFICF.

Според резултатите од студијата, конзумацијата на слатки напитоци поврзана е со развој на болести како дијабетес, гихт, односно воспаление на зглобовите кај дебели луѓе, потоа зголемен крвен притисок,  болести на срцето, мозочен удар и на крај гојазноста, која пак сама по себе е причина за низа други заболувања.

Професорот Мозафаријан вели дека потребен е светски културен пресврт.

„Дали тие луѓе би промовирале цигари на мали деца? Се сомневам. Исто така, треба да ја запреме промоцијата на газираните пијалоци затоа што се штетни по здравјето“, заклучува професорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП