7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелата куќа ги повика Грција и ЕУ да направат компромис

Белата куќа ги повика Грција и ЕУ да направат компромис

belata-kukakaka

Белата куќа ги повика во понеделникот  челниците на Европската унија да пронајдат компромис за да ѝ овозможат на Грција да остане во еврозоната, ден по победата на референдумот на опцијата со којашто е отфрлен предлогот за продолжување на надворешната помош на земјата со што се продлабочи кризата во еврозоната.

„Референдумот е завршен, но нашата визија останува иста“, рече портпаролот на Белата куќа, оценувајќи дека е во интересот на двете страни да пронајдат решение „коешто би ѝ овозможило на Грција да остане во еврозоната. „Задачата којашто стои пред европските челници, останува иста“, додаде.

Ернест ги повика притоа двете страни „да се усогласат околу низата реформи и финансирањата коишто ќе овозможат на Грција да биде на патот на одржливото управување со својот долг, но и одржливиот раст“.

Американскиот претседател Барак Обама разговараше телефонски во понеделникот со францускиот колега Франсоа Оланд за Грција, објави претходно Белата куќа. Двајцата челници ја истакнале „важноста од наоѓање пат кој треба да се уследи за на Грција да ѝ се овозможи да продолжи со реформите и да се врати во растот во рамките на еврозоната“, увидувајќи „дека за тоа ќе бидат неопходни тешки компромиси на сите страни“.

Покрај тоа, американскиот министер финансии Џек Ли разговарал телефонските со грчкиот премиер Алексис Цирпас, како и со својот нов грчки колега Евклид Цакалотос, според соопштението на министерството. Ли ја повторил пораката на претседателот Обама во која се бара од Атина и од нејзините доверители да најдат „конструктивен излез“ од ситуацијата.

Европските челници, пак, во понеделникот во очекување на клучниот самит закажан за вторник навечер бие поделени околу продолжувањето на преговорите со Грција, којашто повеќе од кога и да е се наоѓа во извонредно тешка финансиска ситуација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП