18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради минирање попладне во прекин сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Поради минирање попладне во прекин сообраќајот на патот Кичево-Охрид

soobrakaj-tekovno

Сообраќајот на регионалните и магистралните патишта низ Македонија се одвива, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Поради изведување работи на пат ( минирање ) на патот А2 Кичево – Охрид кај месноста викана Лавчански корита, во вторник во период од 16 до 17 часот ќе има прекин во сообраќај во траење од 15 до 20 минути.

АМСМ на возачите им препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП