21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕуклид Цакалотос именуван за нов грчки министер за финансии

Еуклид Цакалотос именуван за нов грчки министер за финансии

euklind-grcija

Заменик министерот за надворешни работи Еуклид Цакалотос, воедно и главен грчки преговарач со меѓународните доверители, е именуван во понеделник за министер за финансии како наследник на Јанис Варуфакис, кој по референдумот поднесе оставка.

Цакалотос е дискретен економист, целосна спротивност на неконвенционалниот Варуфакис.

Во вторник Цакалотос по првпат ќе ја застапува својата земја на состанокот на министрите за финансии на земјите членки на еврозоната во Брисел.

Универзитетскиот професор, 55 годишниот Цакалотос, е роден во Ротердам и школуван на британскиот универзитет Оксфорд, а од април е координатор на грчкиот преговарачки тим во Брисел, кога стана јасно дека Варуфакис со својот стил ги иритира европските колеги.

Пред новиот грчки министер за финансии е тешка задача за повторна изградба на довербата меѓу Грција и европските кредитори, нарушена по петмесечните преговори кои не вродија со плод за излез на Грција од длабоката финансиска криза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП