4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците се надеваат дека животот ќе се врати во нормала

Грците се надеваат дека животот ќе се врати во нормала

grcija-ulici

Надмоќната победа на „не“, ненадејната оставка на грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, несигурноста кога е во прашање финансиската иднина на државата ги прави Грците да бидат многу збунети и помалку уплашени.

„Состојбата е навистина загрижувачка. Не знам што ќе биде“, вели елегантниот четириесетгодиник Никос, кој продава луксузни часовници во елитната населба Колонаки. Слично се чувствуваат повеќето негови сонародници.

По победата на „не“ на неделниот референдум, сите се надеваат на позитивни преговори и скор договор. „Полни сме со проблеми и не можеме да кажеме дека е добро ниту „да“ ниту „не“. Загрижени сме за својата егзистенција и за својата судбина и сакаме да останеме во Европа“, објасни еден шеесетгодиник.

„Не е ова криза на десницата или на левицата. Сите политички партии, сите кои веруваат во Грција и во Европа мораат да преговараат“, коментира четириесетгодината Ирена Рока.

„Сметам дека е праведно што победи „не“. Но, сега ми е страв од она што следува“, изјави за AFP триесетгодишниот Милтиалис, продавач во киоск.

„Варуфакис е револуционер, многу динамичен човек со завидна ерудиција, но не е добар политичар“, смета Ирене Рока. За него добро мислење нема ниту пензионерката Нина: „Варуфакис, жртвено јагне? Па тоа е најдобра работа што можеше да ни се случи во овој момент. Арогантнен нарцис кој ја уништи целата држава“, смета Нина.

„Важна работа за која треба да се размисли е промена на состојбата, би требало да им се помогне на луѓето. Има и кои умираат од глад“, смета триесетгодишната Катерина.

„Овде повеќе ништо не функционира“, вели докторката Елизабет Дракополу. „Стравувам од деновите што ни престојат. Денеска не бев во банка и не знам дали ќе успеам да дојдам до своите 60 евра“, изјави за AFP.

Четириесетгодишниот аптекар Ламброс веќе трет пат се обидува од банкомат да подигне пари. „Во две банки банкоматите беа празни. Навистина стравувам дека повеќе нема да имаме готовина во следните денови. Тоа секако треба да се реши, бидејќи се ќе се урне“, вели Алмброс.

Грците на вчерашниот референдум со 62 отсто од гласовите го отфрлија предлогот на доверителите за начинот на излез од кризата, која подразбира нови мерки на штедење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП