Вкупниот јавен долг на Италија во 2014-та година достигна 156 отсто од БДП, односно приближно 55.538 долари по жител, додека буџетскиот дефицит е незначително зголемен на три отсто до БДП, објави во понеделникот Организацијата за економска соработка и развој (OECD).
Уделот на јавниот долг во БДП-то во третата по големина економија на еврозоната во 2013-та година бил под 143 отсто, а во 2007-ма година изнесувал 110,6 отсто од БДП.
Меѓу 34 членки на OECD, италијанскиот јавен долг лани бил на трето место, зад оној на Јапонија и на Грција.
Што се однесува до буџетскиот дефицит Италија лани незначително го зголемила на три отсто, од 2,9 отсто во 2013-та година, но е осетно над 1,7 отсто колку што изнесувал во 2007-ма година.