5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстар пад на цената на нафтата по грчкиот референдум

Остар пад на цената на нафтата по грчкиот референдум

nafta 94

Цената на нафтата остро падна денеска на светските берзи откако на загриженоста за побарувачката во услови на прекумерна понуда се надоврзаа негативниот исход од грчкиот референдум за новите мерки на штедење и кинеските мерки за поттик на берзите за хартии од вредност.

На лондонската берза цената на барелот околу пладне беше во минус 1,57 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 58,75 долари. На американскиот пазар со барелот се тргува по 53,91 долар, што е за 3,02 долари помалку во однос на затворањето на берзата во четвртокот. Во петок берзите во САД беа затворени поради празник.

Берзите нервозно го следеа грчкиот референдум за новите мерки на штедење кои од Атина ги бараат меѓународните кредитори. Грчките граѓани се изјаснија против мерките на штедење, зајакнувајќи ја позицијата на грчката влада во пресрет на утрешните нови преговори во еврозоната.

Резултатот од грчкиот референдум го стави под знак на прашање членството на државата во еврозоната, што го притисна курсот на еврото кон доларот. Ова ја пригуши побарувачката за нафта чии цени се изразени во долари.

Дополнителен притисок на нафтените пазари генерираше остриот пад на кинескиот пазар на акции, што делумно е предизвикан со бавниот раст на втората по големина светска економија, тврди Ројтерс.

На пазарните превирање поврзани со Грција и Кина се надоврзаа и податоците од САД за зголемен број на активни ископини во минатата недела, прв пат по 30 недели. Производството во Русија и OPEC исто така е на рекордно ниво или близу тоа, што ги полни залихите ширум светот.

„Несигуроста во врска со Грција ги поттикнува цените на нафтата и претставува дополнителен негативен фактор, покрај превирањата на кинескиот финансиски пазар, растот на американските активни ископини и потенцијалното зголемување на извозот од Иран“, констатира Оливие Јакоб од швајцарски Petromatrix.

Иран и западните сили преговараа за спогодба со која конечно би се заклучил спорот околу ирнаската нуклеарна програма, а со тоа би се создале услови за укинување на санкциите на извоз на иранска нафта.

„Се повеќе наведува на заклучок дека договорот веројатно ќе биде потпишан до 9-ти јули“, проценуваат аналитичарите на Morgan Stanley.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП