5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК: Нема опасност за еврозоната

ЕК: Нема опасност за еврозоната

evropska-unija-13

Стабилноста на еврозоната „не е доведена во прашање” откако Грција го отфрли предлогот на доверителите за реформи во замена за нови средства, изјавил потпретседателот на Европската комисија (ЕК) и еврокомесар за еврото, Валдис Домбровскис додавајќи дека Комисијата „има сè што е потребно за да се справи со ситуацијата“.

„Местото на Грција е, и останува во Европа … Сите земји треба да дејствуваат одговорно“, рекол Домбровскис додавајќи дека „за да преговара сега, Европската комисија треба да добие мандат од Еврогрупата“, пренесува AFP.

На референдумот кој во неделата се одржа во Грција, над 61 процент од гласачите ги отфрлија предлозите на меѓународните кредитори за дополнителни мерки за штедење, а во вторник министрите за финансии од еврозоната ќе се сретнат за да разговараат за состојбата во Грција.

Германската канцеларка Ангела Меркел, пак, во понеделник ќе се сретне со францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз, а тема на нивните разговори ќе бидат и резултатите од референдумот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП