17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија не гледа основа за нови преговори со Грција

Германија не гледа основа за нови преговори со Грција

merkel-germanija-merkel

Германија во понедленикот официјално соопшти дека не постои основа за преговори со Грција за нов пакет помош или отпис на долгот, додека Шпанија порача дека е отворена за преговори со Атина за нов пакет помош.

„Во светло на вчерашната одлука на грчките граѓани не постои основа за да се влезе во преговори за нов пакет помош“, изјави портпаролот на германскта канцеларка Ангела Меркел, Штефен Зајберт.

Над 61 отсто од Грците на вчерашниот референдум кажаа „не“ за предлогот на меѓународни кредитори, а премиерот Алексис Ципрас порача дека Грција завртела нова страница на историјата и дека е подготвена за преговори.

Коментирајќи ја оставката на грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, кој во повеќе наврати ја китикуваше политиката на штедење која ја заговара Берлин, Зајберт рече „Не се работи за луѓето, туку за функциите“.

Поврзано за барањето на Атина за реструктуирање на нејзиниот долг, портпаролот на германското министерство за финансии Мартин Јегер рече „Не гледам причина за отпочнување на преговори“.

Од друга страна, шпанските власти порачаа дека Шпанија е отворена за преговори со Атина за нов пакет на помош, откако Грците на вчерашниот референдум ги отфрлија предлозите на кредиторите за финансиско спасување на Грција.

„Грција има право да бара трет пакет помош. Шпанскта влада е отворена за преговори“, изјави шпанскиот министер за економија Луис де Гиндос. Тој додаде дека е неизбежно спроведување на грчки економиски реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП