25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо Битола низи од лозови 7ма Брзина се купуваа на должен метар

Во Битола низи од лозови 7ма Брзина се купуваа на должен метар

mcc

По деновите исполнети со забава и добивки во Кратово,  Прилеп и Кочани , промотивниот караван на Државна лотарија на Македонија  „ЛЕТО ВО 7МА БРЗИНА“ го продолжи својот пат кон Битола.

Во саботата на 04.07.2015 возбудлива атмосфера имаше на Широк Сокак кој биеше во дамарот на 7ма Брзина. Пред среќното место ВАГАБОНТ, во Битола, тимот на Државна лотарија и Марјана Станојковска, поминаа незаборавни мигови со играчите на среќа од Битола.  Битолчани уште еднаш потврдија дека се едни од најупорните и најоптимистични трагачи по добивките во игрите на среќа.  Сретнавме многу насмеани лица подготвени за дружење, забава и добивки, а низи од лозови 7ма брзина се купуваа на должен метар. Бројката по играч достигнуваше и над 200 лоза. Играчите своите низи ги земаа за гребење во друштво, очекуваме дека некој од нив ќе е добитник на еден од трите преостанати атрактивни автомобили ГОЛФ7.

dcc

Потрагата по нови сопственици на оваа атрактивна премија продолжува со караванот под името ЛЕТО ВО 7-МА БРЗИНА , чија следна дестинација е Кавадарци .  Дружењето со тимот на Државна лотарија во Кавадарци е закажано за среда (08.07.2015 год), пред продажното место СИГМА – Кавадарци .

dbb

maa

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП