28 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАБаскерфест донесе добра забава во Крушево

Баскерфест донесе добра забава во Крушево

baskerfestjjjkjkj

Градскиот плоштад во Крушево синоќа беше претесен за да ги прими сите вљубеници во магијата, акробациите и добрата забава.

Баскерфест донесе радост во Крушево, а насмеаните лица на сите оние кои беа во публиката се најдобар доказ дека навистина добро се забавуваа.

Повеќе од 3 часа, траеше богатата програма на мултикултурниот уличен фестивал „Баскерфест“ кој годинава го слави својот 10 годишен јубилеј.

Од многубројните содржини посебно внимание кај публиката предизикаа моментите кога кловнот со малечок велосипед поминуваше низ огнениот обрач, вештото вртење на огромното тркало од страна на композиторот и точката со огнот.

Во секој случај огромен позитивен впечаток оставија и магионичарот, но и акробатот од Чиле „Господин Мустаќо“ кој со својот настап ги насмеа крушевчани, но и докажа дека е врвен мајстор за возење на висок велосипед. Најмладите посебно беа задоволни од креативната работилница, каде имаа единствена можност за дружење со учесниците од „Баскерфест“.

Неверојатно, но вистинито. Кратко кажано тоа е најдобриот опис за настапот на членовите на младата македонска група кои преку своите акробатски скокови ја оставија публиката без здив.

„Баскерфест“ е дел од годинешната програма на „Крушевското културно лето“ кое е поддржано од Општина Крушево и Министерството за култура. И во следниот период сите посетители на Крушево ги очекува богата културна понуда. Претстојната сабота на пладне, на плоштадот, под мотото „Говориме различно, танцуваме исто“, ќе се игра танцот зумба од страна на ученици од различна етничка и верска припадност. Овој настан е дел од програмата „Градиме мостови“ поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Министерството за образование. На 15 јуни во Крушево ќе пристигне Сашко Коцев, а од 25 јули започнува манифестацијата „Крушево Етно – град“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП