7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНападнат вработен во компанијата Индо минерали и метали

Нападнат вработен во компанијата Индо минерали и метали

koi

Шајан Батачариа, вработен во компанијата Индо минерали и метали, вчера бил физички нападнат од непознат сторител во својот дом во Пробиштип. 

Батачариа, кој е државјанин на Индија, со привремено престојување во Пробиштип, бил нападнат во својот дом околу 22 часот од засега непознат сторител. Сторителот се заканувал по неговиот живот, како и по животите на неговото семејство.

Нападнатиот, случајот го пријавил во полицијата во Пробиштип, од каде што потврдија дека Батарчија бил физички нападнат во неговиот дом.

Од СВР Штип потврдуваат дека се преземени сите потребни мерки и дека случајот е пријавен до Јавното обвинителство.

Се претпоставува дека последниот инцидент е индикација дека постојат надворешни структури кои сакаат да го превезмат раководтсвото со компанијата.

Во последниве неколку месеци, Индоминерали и метали се соочуваат со проблеми во тековното функционирање, што произлегува од несовесното работење на поранешни локални консултатни, за што до Основното јавно обвинителство Скопје, е поднесена кривична пријава за даночно затајување.

Компанијата Индо Минерали и метали е дел од Бинани групацијата, кои започнаа со работа во Македонија во 2006 година и го илустрираат потенцијалот на земјата за странски директни инвестиции. Компанијата ИММ стопанисува со рудниците Тораница, Злетово и Добрево. Рударската инвестиција е една од најголемите странски инвестиции и работодавци во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП