21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШулц: На Грција и е потребна хуманитарна помош

Шулц: На Грција и е потребна хуманитарна помош

shulc-martin-sulc

Претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Мартин Шулц во неделата вечерта изјавил дека самитот на шефовите на државите и владите на членките на еврозоната, кој е планиран за вторник, би требало да се бави со „хуманитарна програма за Грција“, бидејќи Грците на референдум изгласаа „не“ за барањата на кредиторите за понатамошното штедење со ветување за дополнителните кредити.

Шулц нагласил дека Атина би требало да направи „смислени и конструктивни предлози“ во следните часови до почетокот на предвидениот самит со останатите 18 земји членки на еврозоната, пренесуваат грчките медиуми.

„Доколку тоа не се случи, ќе влеземе во доста тежок, дури и драматичен период“, додал Шулц.

Според него, обичните граѓани, пензионерите, болните лица и децата не би требало да ја плаќаат цената на драматичната состојба во која се наоѓа Грција, нешто за што тој ја обвинил грчката влада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП