17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен бројот на банкротирани компании во Швајцарија

Зголемен бројот на банкротирани компании во Швајцарија

1604857641559788f262ede065178667_w640

Бројот на компании кои банкротирале во Швајцарија во првата половина од оваа година е зголемен за два проценти во однос на истиот период во 2014 година.

Вкупниот број на пропаднати швајцарски претпријатија од почетокот на годината изнесува 2.998.

Најголем број на угасени компании од почетокот на годината бил забележан во автомобилскиот сектор, пренесува швајцарскиот весник 24 часа.

Поточно 2.239 компании прогласиле стечај поради несолвентност, што е за пет проценти повеќе отколку пред една година, додека 759 престанале да постојат од организациски причини, што е за четири проценти помалку отколку во првата половина од 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП