21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто милионерите се поразлични од другите луѓе

Зошто милионерите се поразлични од другите луѓе

novac_placa_free

По проучувањето на повеќе од 500 милионери, воочена е една заедничка карактеристика за сите нив – одлучноста.

Со анализата на неколку стотина луѓе кои имаат акумулирано богатство поголемо од 1 милиони долари, дојдено е до заклучок дека секој од испитаниците имал една клучна навика, а тоа е способноста за донесување на одлука во моментот, пишува „Business Insider“.

Дополнително, освен донесувањето на одлука која се смета за многу брза и сигурна, луѓето со овој квалитет исто така покажале дека тие се склони и на промена на одлуката, но со бавен интезитет.

Луѓето кои не се успешни во работата, речиси без исклучок, имаат навика за бавно донесување на одлука, но и на брзо и често менување на истата.

Одлучноста игра многу важна улога за збогатувањето, за разлика од одолговлекувањето која е чиста спротивност, но и воедно е еден од 13-те чекори кои можат да помогнат при стекнување богатство.

„Потребно е да ги држите очите и ушите отворени, а устата затворена“, ова е една од препораките на Наполеон Хил, новинар и автор на „Think and Grow Rich“ од 1937-ма година.

Оние кои премногу зборуваат, премалку работат. Доколку зборуваат премногу, отколку што слушаат, се намалува бројот на можности во кои може да се акумулира соственото знаење, а воедно се откриваат сопствените планови и намерите кои луѓето можат да ги искористат против нив.

„Вашите постапки се бројат повеќе отколку зборовите. Кажете му на светот што сакате да направите, но прво тоа треба да го покажете“, продолжува Хил.

Доколку мајсторски ја совладате споменатата вештина, таа може да ви врати стократно. Оние кои брзо донесуваат одлуки дефинитивно знаат што сакаат и обично тоа и го добиваат. На светот има место за луѓе кои покажуваат дека знаат каде одат, заклучува Хил.

Од времето на Хил, па досега, се истакнаа и некои други навики на луѓето кои заработуваат милиони, како што се раното станување, редовното вежбање, одвојувањето време за читање и поврзување со другите. Сите овие работи нив ги прават многу успешни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП