17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Грција банкротира

ЕУ: Грција банкротира

bankrotrot

Стабилизацискиот фонд на еврозоната, најголемиот кредитор на Грција, прогласи во петок дека Атина повеќе не може да ги врати заемите на еврозоната откако не го плати долгот на ММФ и го задржи правото пред рокот да наплати 130,9 милијарди евра долг.

Одлуката следи два дена пред референдумот на кој Грците ќе одлучуваат дали ги прифаќаат условите за финансиска помош што ги одбива владата на премиерот Ципрас, а негативниот резултат веројатно значи излез на Грција од еврозоната.

Европскиот механизам за финансиска стабилност(ЕФСФ) објави дека неплаќањето на долгот кон ММФ „резултира со неплаќање на долгот на Грција кон финансиските договори на ЕФСФ со Грција“.

„Неплаќањето е причина за длабока загриженост“, рече извршниот директор на фондот Клаус Реглинг преку соопштение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП