17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас бара долгот да биде намалeн за 30 отсто и грејс период...

Ципрас бара долгот да биде намалeн за 30 отсто и грејс период од 20 години

Image7444445555

Грчкиот премиер Алексис Ципрас побара долгот на неговата земја да биде намален за 30 отсто и да и биде одобрен грејс период од 20 години.

Tој во телевизиското обраќање до нацијата на последниот ден од кампањата пред референдумот закажан за во недела рече дека анализата ан Меѓународниот монетарен фонд, според која грчкиот долг е неодржлив, ја оправдува одлуката на неговата влада да го одбие пакетот за помош од странските кредитори којшто не вклучува отпис на долгот.

„Вчера се случи нешто што има многу големо политичко значење. ММФ објави извештај за грчката економија којшто претставува голема победа за грчката влада, бидејќи го потврдува она што е очигледно, дека долгот е неодржлив“, истакна Ципрас.

Тој уште еднаш ги повика граѓаните да гласат против предлогот на странските кредитори за финансиско спасување на Грција. Tој порача дека во недела не се одлучува за членството на Грција во еврозоната и нагласи дека местото на Грција несомнено е во Европа.

Ги повика Грците да кажат „не“ на уцените и ултиматумите и мирно да ја донесат одлуката за својата иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП