27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНовинарот Ристов се претстави со изложба на цртежи

Новинарот Ристов се претстави со изложба на цртежи

попоплплп

Како дел од програмата за одбележување на „Штипско културно лето 2015“, во четвртокот во Штип беше отворена изложба на цртежи на штипскиот новинар Драган Ристов.

„Станува збор за 20 цртежи кои се работени со молив и кои илустрираат животен циклус. Почнува со неколку цртежи на бебиња, има женски актови и сцени од животот а изложбата завршува со лица на стари лица“, рече Ристов кој во моментов е нагажиран како советник за односи со јавност во кабинетот на штипскиот градоначалник и додаде дека токму поради тоа што не е уметник изложбата го има предзнакот „аматерски“.

„Но суштината не беше да се види колку добро знам да цртам и слично, туку да се покаже дека и меѓу обичните луѓе, кои немаат уметничко образование или искуство, има нешто убаво коешто може да биде претставено пошироко“, додаде авторот

Ристов рече дека со озложените цртежи сакал да придоенсе во одбележувањето на 30 години о дманифестацијата Штипско културно лето, но и да промовира убави вредности кои можат да бидат мотив и поттик за претставување на многу други кои во себе носат некакви уметнички квалитети.

„За мене новинарството е прва љубов, но цртањето и уметноста се хоби кои ми носат задоволство и одмор“, изјави Ристов.

Изложбата ја отвори градоначалникот на Штип, Илчо Захариев а присуствуваше и претседателот на Советот, Влатко Миташев.

Инаку Ристов пред две години ја објави книгата „903“, избор на објавени новинарски материјали за Македонија во печатот во САД во текот на 1903 година. Дваесетина години работел како новинар во радио, а веќе шеста година е советник за односи со јавност во Општина Штип.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП