25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција платила купон на обврзница во јени

Грција платила купон на обврзница во јени

grc ger

Грција платила 3,8 милиони евра купон на обврзница деноминирана во јапонски јени, која денеска доспеала за наплата, пренесува Reuters кој се повикува на функционер во грчката влада.

„Плативме купон (намалување на вредноста на обврзниците или други вредносни хартии), издаден е платен налог“, изјавил за агенцијата грчкиот функционер кој сакал да остане анонимен, бидејќи немал овластувања за контакти со медиумите.

Обврзницата деноминирана во јени, не била вклучена во реструктуирањето на грчкиот долг кон приватниот сектор од 2012-та година, истакнува Reuters.

Според пишувањето на лондонски Financial Times, грчката влада издала во 1995-та година 20-годишна т.н. самурај обврзница во износи од 20 милијарди јени со фиксна купонска каматна стапка од 5,8 отсто и датум на доспевање од 14-ти јуни 2015-та година. Со тоа Грција им се приклучи на државите и компаниите коишто во последната деценија од минатиот век и првата деценија од овој го користеа периодот на извонредно ниските камати во Јапонија за поволно задолжување.

Медиуми во светот истакнуваат дека судбината на грчката „самурај“ обврзница ќе биде важен патоказ за идниот однос на земјата кон сопствениците на долгот во приватниот сектор.

Во февруари и август следната година доспеваат на наплата уште две грчки самурај обврзници во вкупен износ од 70 милијарди јени, наведува Financial Times.

Reuters, пак, потсетува дека во јули Атина мора да плати вкупно 910 милиони евра камати, вклучително и 695 милиони евра на Европската централна банка (ЕЦБ) за обврзниците кои доспеваат за наплата на 20-ти јули, како и 102 милиони евра на билатералните кредити на Европската инвестициска банка (ЕИБ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП