28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДобивка - Рено Твинго прославена со настан пред Капитол Мол

Добивка – Рено Твинго прославена со настан пред Капитол Мол

IMG_7973

Денес пред Капитол Мол во Скопје, Државна лотарија на Македонија додели автомобил ТВИНГО на добитник кој е верен играч на инстант лотаријата – ТВИНГОМАНИЈА.

Во чест на Петре Рунески денес пред Капитол Мол беше организиран настан на кој беа добредојдени и сите минувачи кои можеа да ја слушнат неговата среќна приказна со порака дека секој треба да верува во својата среќа, но и да знае што точно посакува. Петре, ведар човек со позитивен пристап, посакувал да добие Твинго и редовно купувал инстант лозови Твингоманија.

Marjana so dobitnikot

По некогаш купувал и други видови лозови, но знаел дека  дека токму Твингоманија го има неговиот посакуван автомобил. Неодамнакупил два лоза од различни среќни места во Скопје, двата ги зачувал и ги изгребал по четири дена, а потоа уште толку денови молчел за добивката, сакајќи на сите од своето семејство на заедничка средба и во еден миг да им ја соопшти убавата вест.

На денешниот настан пред Капитол Мол, Петре го придружуваа членовите на семејството од кои најрадосни и највозбудени беа убавите внучиња, кои додека траеше настанот си игра во и околу автомобилот, што беше прекрасна глетка за сите присутни. Клучевите ги предаде Маријана Станојковска која заедно со нашиот најнов член на семејството добитници на сите им порача верба во среќата со порака да им дадат шанса на своите ситни пари да им донесат голема добивка.

Vnuchinjata na dobitnikot se raduvaa na avtomobilot

Само за потсетување, со лозот ТВИНГОМАНИЈА на играчите на Инстант лотаријата им овозможува на лесен, забавен, и евтин начин да дојдат до 1 од 40-те атрактивни автомобили РЕНО ТВИНГО ТРЕНД или до бројни парични добивки од 500.000 до 40,000 денари. Цената на лозот е 40 денари. Уште многу автомобили ги очекуваат своите среќни сопственици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП