19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: „Не“ за Грците ќе значи ослабена позиција, „да“ ќе значи тешки...

Јункер: „Не“ за Грците ќе значи ослабена позиција, „да“ ќе значи тешки преговори

zan-klod-junkerrrrrrrrr-junkererer

Ако Грците на референдумот гласаат со „не“, нивната преговарачка позиција ќе биде драматично ослабена, а преговорите ќе бидат тешки во случај да гласаат со „за“, изјави во петок во Луксембург претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

„Ако гласаат со не, грчката позиција ќе биде драматично ослабена. И во случај да гласаат ‘за’, ќе имаме тешки преговори“, изјави Јункер одговарајќи на прашањето да ја коментира изјавата на грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, кој рече дека одлучното грчко „не“ ќе ја зајакне нивната преговарачка позиција.

Јункер е денеска во Луксембург по повод преземањето на претседателството со ЕУ. Грција минатата седмица ги прекина преговорите со доверителите и одлучи последната понуда на доверителите да ја даде на референдум којшто ќе биде одржан во недела.

Луксембуршкиот премиер Хавиер Бетел изјави дека грчкиот референдум секако ќе има последици, но не конкретизира каци. Истакна дека не ја брани позицијата ниту „за“, ниту „против“ и изјави дека таа одлука е на Грците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП