Фестивалот на графичко-компјутерската уметност GIFEST доаѓа во Концепт 37.
Ќе започне од сабота 4 јули во 20:00 часот, со кратко предавање за гифови и со специјален видео мапинг на сите гифови кои што учествуваа на овогодинешниот GIFEST кој што се одржа во Суботица.
Со GIFEST заедно доаѓаат неговиот основач и организатор Мирјана Шормаз Митриќ од Суботица, како и првиот победник на GIFEST Адријан Каравдиќ од Виена, кои во рамките на фестивалот ќе одржат и работилница за гифови.
Работилницата ќе се одржи во недела, на 5 јули, со почеток од 1100 часот, во арт кафулето Концепт 37, учеството е бесплатно, со цел да се направи доближување и оживување на оваа графичко-компјутерска уметност, како и поттикнување на сите креативни луѓе, преку гифови да ги визуелизираат своите идеи.
Тука може да се пријават сите оние што сакаат гифови и оние кои создаваат гифови. Gif lover-и пријавете се во inbox на Концепт 37. www.facebook.com/c37.mk
GIFEST e фестивал на гифови, првично одржан во Суботица со цел да ги собере гиф-артистите од регионот и да ги промовира нивните авторски гифови.
Гиф е впечатлива, анимирана веб графика, прилагодена за брза размена, ефикасна во смисла на порака, а на авторите им овозможува комбинирање на техники и достапност на правење гифови со разни гиф-мејкер линкови или специфичност на промена на фремовите.
Критериумите за учество на фестивалот, кој оваа година се одржа по трети пат, се автентичност и авторство, но пред сé добрата идеја.