20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на невработеноста во Шпанија

Пад на невработеноста во Шпанија

shpanijaspanija544454

Стапката на невработеност во Шпанија во јуни е намалена петти месец по ред, но и понатака останува на висока бројка од 4,12 милиони, соопшти Министерството за вработување во Мадрид.

Невработеноста во Шпанија минатиот месец е намалена на месчно ниво за 94,727, а на годишно за 329,397 лица, пренесува АФП.

Министерството за вработување не дава податоци за стапката за невработеност бидејќи таа е под надлежност на Заводот за статистика (INE).

Невработеноста според податоците на INE во првите три месеци изнесувала 23,78 проценти од работоспособното население.

Речиси во сите сектори невработеноста е намалена, најмногу во услужниот сектор благодарение на туристичката сезона.

Во туристичкиот сектор бројот на невработени е намален за 61,887, во градежниот за 11,706 и во индустискиот за 14,139.

Невработеноста во Шпанија вртоглаво порасна по крахот на пазарот за недвижнини во 2008 година, за на крајот на 2014 година да започне да се намалува заедно со економското закрепување на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП