3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДомбровскис: ЕК е подготвена да и даде техничка помош на Грција

Домбровскис: ЕК е подготвена да и даде техничка помош на Грција

evro grcka

Заменик-претседателот на Европската комисија (ЕК) и еврокомесар за евро и социјален дијалог, Валдис Домбровскис, во интервју за германскиот весник „Die Welt“ порача дека ЕК е подготвена да и предложи на Грција техничка помош во случај на обновување на преговорите по референдумот во неделата.

„За обновувањето на финансиската стабилност, пред сè, е потребна доверба во стратегијата на грчката влада. Се разбира, ЕК е подготвена да соработува со владата на Грција и да понуди техничка помош“, изјави Домбровскис.

Тој додава дека изготвувањето на третиот пакет финансиска помош за Грција може да потрае неколку седмици.

„За да се стартува трета програма, ќе бидат потребни неколку седмици. Конкретен рок не можам да посочам. Не се знае дали ќе може да се постигне политички договор“, вели летонскиот еврокомесар.

„Што се однесува до самата постапка, на почетокот треба да има решение на Еврогрупата, а потоа можеме да започнеме преговори заедно со Европската централна банка и, доколку е можно, со ММФ, а на крајот согласност треба да дадат мнозинството парламенти на земјите од еврозоната“, појаснува тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП