10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДечињата ќе ги покажат своите блескави насмевки

Дечињата ќе ги покажат своите блескави насмевки

kol

Утре, сабота (04.07) со почеток во 19часот во Градскиот парк во Скопје, ќе се одржи последната активност од кампањата „Патот до здрави заби“каде дечињата, за кого беше наменета оваа кампања, ќе ги покажат резултатите од редовната нега на запчињата и ќе го одбележат крајот на кампањата.

На специјално дизајнирана картолина, дечињата ќе имаат можност да се фотографираат,  да ги покажат своите блескаво бели и здрави насмевки заедно со Четко, главниот јунак на кампањата и да направат селфи.

Во времетраење од три месеци, преку пет едукативно-забавни игри, на повеќе различни локации во Скопје се одвиваше кампањата „Патот до здрави заби“под слоганот „Секој ден четкај и со здрави заби светкај“. За да го поминат патот до здравите заби, заедно со Четко, дечињата играа игри кои им помогнаа да научат зошто е важно да ги мијат запчињата редовно и правилно.

 

Кампањата имаше цел да ги научи децата на една исклучително здрава навика, значајна за целокупното здравје на организмот, почнувајќи од здрава исхрана, преку начинот на одржување на хигиената на запчињата сѐ до тоа како да се зачуваат запчињата здрави, бели и цели!

kop

Во кампањата учествуваа околу 600 дечиња,кои се натпреваруваа и беа дел од сите 5 игри и на некој начин ја поминаа едукацијата од 5 чекори за тоа како редовно и правилно да се води грижа за здравјето на забите и устата. Уште 200 дечиња беа присутни на настаните и се дружеа со главниот лик – маскотата Четко, а околу 440 родители ги прифатијае едукативните содржини и информации во врска со градењето здрави навики кај нивните деца.

Кампањата се одвиваше на неколку различни локации во Скопје: Аеродром, Автокоманда, Центар, Матка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП