„Lamborghini“ работи на создавање на помоќна и полесна верзија на роудстерот „Aventador“, соопшти шефот на италијанскиот производител на спортски автомобили Стефан Винкелман, цитиран од „Autocar“.
Модификација ќе се нарекува „Aventador LP750-4 Superveloce Roadster“ и ќе го добие истиот агрегат како и „LP750-4 Superveloce“, но ќе биде со променета аеродинамика. За зголемувањето на динамиката ќе помогне и отстранувањето на дел од опремата.
„Lamborghini Aventador LP750-4 Supervelocе“ е управувано од 6,5-литарски „V12“ со 750 КС. Тоа е за 50 КС поголема моќност, а освен тоа вкупната тежина на моделот е намалена за 50 килограми во споредба со стандардната верзија, што овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди (со 0,1 секунди побрзо од базната модификација).
Се очекува и роудстерот „Aventador SV“ да го постигне истиот резултат.
Винкелман додаде дека од новиот роудстер ќе бидат произведени само 500 примероци. За споредба, „Aventador SV“ беше пуштен во серија од 600 единици, кои беа продадени за само 3 месеци по дебито на возилото.