27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудискиот принц ќе го подели целокупното богатство во хуманитарни цели

Саудискиот принц ќе го подели целокупното богатство во хуманитарни цели

saudiski-princ

Еден од најбогатите луѓе на светот, саудискиот принц Ал-Валид бин Талал, изјави дека сите пари што ги поседува, ќе ги донира во хуманитарни цели, пишува BBC.

Станува збор за 32 милијарди долари.

Саудискиот принц, кој во моментот се наоѓа на 34 место на листата на најбогати луѓе на светот на магазинот Forbes, изјави дека е инспириран од фондацијата Гејтс, која Бил Гејтс со својата сопруга Мелинда ја основаше во 1997 година.

Донираните пари ќе бидат префрлени на сметка на принцовата хуманитарна организација Ал-Валид Филантропис и насочен кон иницијативи и проекти кои поттикнуваат разбирање и размена меѓу културите, јакнење на улогата на жената во општеството и слично.

Бил Гејтс ја поздрави оваа одлука.

„Ова е инспирација на сите нас, филантропи ширум светот“, рече Гејтс.

Принцот Ал-Валид бин Талал се наоѓа на чело на компанијата Kingdom Holding, а парите што ги донира се негово лично богатство.

„Тоа всушност е одвоено од мојата сопственост во компанијата“. Појасни принцот, пренесува BBC.

Донацијата ќе се реализира во следните неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП