2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис: Нема машини за печатење на драхмата, очајно сакаме да останеме во...

Варуфакис: Нема машини за печатење на драхмата, очајно сакаме да останеме во еврозоната

грцииииија

Грција не може во скоро време да ја печати националната валута драхмата, бидејќи машините за печатење се уништени, изјави во четвртокот грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис за кого ова прашање не постои, бидејќи „очајнички сакаме да останеме во еврозоната“.

„Можеби некој не знае, но по воведувањето на еврото, моравме да се ослободиме од сите машини за печатење на драхмата. Тогаш ни се чинеше дека тоа не е лоша работа, бидејќи ѝ пристапивме на зоната на заедничката валута, и оти тоа не е некоја привремена мерка, се надевавме дека тоа ќе биде засекогаш“, вели Јанис Варуфакис во интервјуто за австралиското радио ABC.

Според грчкиот министер за финансии, во Грција во моментов нема ниедна печатарска машина на којашто би се изработувала националната валута.

„Немаме капацитети за печатење на драхмата“, рече Варуфакис појаснувајќи дека во 2000 година, една година пред Грција да ѝ се приклучи на еврозона, „една од мерките коишто го преземавме беше да се ослободиме од нашите тарапани“. „Монетарната унија е неповратна“, порачува Варуфакис.

Тензиите последните месеци меѓу Атина, којашто задоцни со исплатата на кредитот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), и нејзините доверители, резултираат со распишување референдум за прифаќање или отфрлање на планот на кредиторите за продолжување на програмата за надворешна финансиска помош на Грција, за да се спаси од банкрот и од можно излегување од еврозоната. Тоа наведе на сомневања дека Грција повеќе не е технички способна да остане во еврозоната, како и дека мора да се врати на својата национална валута.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП