19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави темпото на вработување во САД во јуни

Забави темпото на вработување во САД во јуни

nevraboteni-rast

Темпото на раст на вработувањето во САД во јуни благо забави, покажа извештајот на американската влада, но со оглед на осетното намалување на работната сила, благо се намали стапката на невработеност.

Во американската економија во јуни нето се отворени 223 илјади нови работни места, објави во четвртокот министерството за трговија. Воедно се ревидирани податоците за април и мај кои покажуваат дека во овој период се отворени 60 места помалку во однос на првичнот извештај.

Со оглед дека работната сила се намалила за 432 илјади лица, стапката на невработеност се намали за 0,2 отстотни поени, на 5,3 отсто, што е најниско ниво од април 2008 година.

Стапката на партиципација на работната сила, односно уделот на работоспособни Американци кои се вработени или бараат работа, се намали на 62,6 отсто, најниско ниво од октомври 1977 година.

Што се однесува за просечната плата по час, таа според најновите податоци остана непроменета, со раст на годишно ниво од скромни два отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП