30 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг пораст на цената на нафтата поради падот на доларот

Благ пораст на цената на нафтата поради падот на доларот

nafta bareli2

Цената на нафтата благо порасна во четвртокот на светските пазари, со оглед дека намалениот курс на доларот ја потикна куповната моќ на оние кои поседуваат останати валути, со што се зголеми побарувачката за енергенти.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта порасна 60 центи во однос на претходното затворање, на 62,61 долар. На американсиот пазар со барелот се тргува по незначително повисока цена во однос на претходното затворање, од 57,14 долари.

Во средата цената на нафтата падна меѓу 2,5 и четири отсто откако неделниот извештај на американската влада покажа раст на залихите на сирова нафта во минатата недела, прв пат од април, што поттикна загриженост од прекумерно снабдување.

И производството во OPEC порасна во јуни на највисоко ниво за последните три години, од 31,60 милиони дневно, од 31,30 милиони барели во мај.

Во четвртокот фокусот на берзите се насочи кон намалениот курс на доларот, кој е притиснат од податоци за намаленото темпо за вработување во САД во јуни.

Аналитичарите сепак не очекуваат позначителен раст на цените. „Ќе влеземе во втората половина од годината со позначителна прекумерна понуда, поради што тешко се прифатливи оптимистички прогнози“, напишаа во белешката аналитичарите на PVM Oil Associates.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП