17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМЕПСО заврши 75 отсто од градежните работи на македонско-српскиот 400 kV далекувод

МЕПСО заврши 75 отсто од градежните работи на македонско-српскиот 400 kV далекувод

strujja

Електропреносниот оператор МЕПСО во четвртокот соопшти дека досега се завршени 75 отсто од сите предвидени градежни работи од 400 киловолтниот далекувод од ТС Штип до македонско-српската граница.

Ова го констатирала работна група на МЕПСО, предводена Синиша Спасов, генералниот директор на компанијата, која беше во работната посета долж трасата на далекуводот.

Досега се подигнати вкупно 100 столбови од кои во целост се монтирани 80 столбови, а на 20 столбни места во тек е финална фаза на монтажа на конзолите на челично решеткастите столбови. Градежните работи течат на уште 59 столбни, а на некои од нив се поставуваат темелите, а на некои столбни места се плетат столбовите. Овој далекувод има вкупно 168 столбни места од 400/110 kV трансформаторска станица Штип до македонско-српската граница. Заради спецификите на теренот работата не е започната само на 9 столбни места и се очекува на тие локации да се создадат услови за работа во текот на овој месец.

„Според податоците од надлежниот надзор, во целост се завршени 86 отсто од поставување на фундаментите (темелите) и 50 отсто од работите што се однесуваат на монтажа односно плетење на далекуводните столбови. Може да се резимира дека досега 75 отсто од градежните работи на овој далекувод се завршени во целост. Очекуваме, согласно со планирната и утврдената динамика, во текот на овој месец да почнат и електромонтажните работи односно поставување на проводните јажиња и изолаторите односно овесната опрема. Според очекуваната динамика, далекуводот во целост треба да биде готов до септември годинава по што ќе биде ставен под напон и ќе добиеме електроенергетско поврзување со српскиот електропреносен систем, а точки на поврзување се трансформаторските станици во Штип и во Врање“, рече Спасов.

Овој далекувод е инвестиција на МЕПСО во вредност од над 11 милиони евра. Околу 10 милиони евра се кредит од Светската банка, а останатите се сопствено учество на МЕПСО. Изведувач на работите е српската компанија „Енергомонтажа“ од Белград. Далекуводот е во должина од 70 километри и минува низ територија на општините: Штип, Карбинци, Свети Николе, Куманово и Старо Нагоричане. По ставањето во функција на овој интерконтивен далекувод македонскиот електроенергетски систем ќе добие втора врска на кордирот север-југ. Ставањето во функција на овој преносен вод значајно ќе ја подобри доверливоста и стабилноста на нашиот електроенергетски систем, а ќе го зголеми и преносниот капацитет на мрежата на МЕПСО.

Подготвителните работи за изградбата на далекуводот започнаа во октомври 2014 година, а изградбата на далекуводното поле во транформаторската станица во Штип започна во јули лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП