4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолгот на Нигерија порасна за 11,7 проценти во првиот квартал

Долгот на Нигерија порасна за 11,7 проценти во првиот квартал

dolari (1)мммммм

Вкупниот долг на Нигерија, првата економија на африканскиот континент, порасна во првиот квартал од тековната година на 63,5 милијарди долари.

Тоа е раст од 11,7 проценти во однос на декември минатата година, кога изнесуваше 56,8 милијарди долари, соопшти нигериското Биро за управување со долгот (DMO).

Нигерија, најголемиот производител на нафта во Африка, е погодена со падот на цената на „црното злато“ на светскиот пазар. Приходите од продажбата на нафта учествуваат со 70 проценти во вкупните приходи на овaа земја.

Намалените државни приходи ја принудија владата во Абуџа да го ревидира овогодишниот буџет и да се откаже или да ги укине федералните проекти, а државните службеници веќе со месеци не добиваат плата, пренесува агенцијата АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП