17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтштетените од поплавите ќе ги добијат средствата веднаш по проценката

Отштетените од поплавите ќе ги добијат средствата веднаш по проценката

poplaveno-zemjishte

Обесштетувањето на земјоделците од поплавите ќе почне веднаш штом заврши проценката согласно извештаите од теренски анализи која веќе е во тек, изјави денеска заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски.

Одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Стопанската комора, Коњановски нагласи дека во ваков инцидентен случај, најважно е да се изгради цврст однос меѓу земјоделците, Министерството, Платежната агенција и осигурителните компании.

– Веднаш по настанатата штета од поплавите, стручни екипи на Министерството ги посетија погодените региони, Струмичкиот, Валандовскиот, Свети Николско, Богданци, изготвија извештаи врз основа на кои овластените проценители ќе кажат колкава сума треба да добијат производителите, рече заменик министерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП