26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBBC отпушта 1000 вработени

BBC отпушта 1000 вработени

BBC_Pix

BBC денес објави дека ќе отпушти речиси 1000 вработени поради „дупката“ во буџетот на јавниот сервис која изнесува околу 150 милиони фунти.

За пад на приходите е одговорно зголемувањето на бројот на домаќинства кои не плаќаат за гледањето на телевизија во живо.

Намалувањата на трошоците ќе дојдат во деловниот и во сегментот за поддршка (IT, HR) додека системот на управувачка структура ќе биде поедноставен, соопштува BBC.

Директорот на BBC Тони Хал изјави дека со овој потег, јавниот сервис ќе заштеди околу 50 милиони фунти и додаде дека BBC се соочува со тешки финансиски проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП