3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОпра е највлијателната славна личност во светот

Опра е највлијателната славна личност во светот

opra2

Американската телевизиска водителка Опра Винфри, една од најбогатите жени во светот, во петокот беше прогласена за една од највлијателните личности во светот на славните, и покрај фактот што емитувањето на нејзината популарна емисија заврши во 2011 година, по 25 години успешна работа.

Магазинот Форбс ја постави Опра (59) пред холивудските ѕвезди Стивен Спилберг и Клинт Иствуд, како и пред познатата новинарка Барбара Волтерс и финансискиoт гуру Сузи Орман. Винфри во телевизискиот бизнис се промовираше преку својата мрежа „Oprah Winfrey Network“.

Во објаснувањето на Форбс се вели дека 48 проценти од читателите сметаат дека Винфри е влијателна личност, што е за само еден процент помалку од истражувањето од претходната година. Истражувањето беше спроведено меѓу американските испитаници.

Првите 10 највлијателни личности во 2013 година според Форбс се:

1.Опра Винфри

2.Стивен Спилберг

3.Мартин Скорсезе

4.Рон Хауард

5.Џорџ Лукас

6.Мехмет Оз

7.Барбара Волтерс

8.Боно Вокс

9.Сузи Орман

10.Клинт Иствуд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП