Грчките медиуми во четврток изутрина како „драматични“ ги опишуваат последиците по економија и ограничувањето со располагањето на пари, воведено во понеделникот за да се сопре масовно повлекување во страв од банкрот на државата.
Здружението на туристички компании од Грција соопшти дека до неговите членки од понеделникот дневно пристигнуваат 50.000 откази на резервации.
Бидејќи станува збор за резервации „во последен час“ кои чинат 20 отсто од вкупните годишни резервации, тоа претставува голем удар за туризмот во Грција, пренесува атински Radio SKAI.
Здружението на извозници од Грција процени дека загубата на неговите членки изнесува 80 милиони евра неделно, дека оваа и наредната недела извозот ќе опадне за седум отсто, а увозот за 28 отсто.
Од изутрината пензионерите повторно се во долги редови прeд 1.000 експозитури на банките каде на шалтерите може да подигнат до 120 евра од своите пензии кои не им се уредно исплатени за јуни.