23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВтор ден раст на Вослтрит

Втор ден раст на Вослтрит

wall street999

Цената на акциите на Волстрит пораснаа во средата втор ден по ред, благодарение на сигналите за јакнење на американската економија и надежите на инвеститорите дека Грција, иако банкротирала, ќе остане членка во еврозоната.

Dow Jones зајакна 138 поени, или 0,79 отсто, на 17.757 поени, додека S&P 500 порасна 0,69 отсто, на 2.077 поени, а Nasdaq индексoр се зголеми 0,53 отсто, на 5.013 поени.

Растот на цените на акциите се должи на сигналите за јакнење на американскиот пазар на труд, откако вчера консултантската агенција за вработување ADP извести дека во јуни приватниот сектор отвори 237.000 нови работни места, најмногу од декември минатата година.

Ова ги поддржа надежите на инвеститорите дека извештајот на американската влада за вработување, кој е објавен во четвртокот, ќе покаже дека пазарот на труд јакне и дека американската економија закрепнува по падот во првиот квартал.

Сепак, најмногу се следеше развојот на настаните во врска со Грција, откако стана првата развиена држава која банкротираше бидејќи на време не ја плати ратата од кредитот од 1,6 милиради долари кон ММФ.

Европските министри за финансии вчера го размотрија новиот предлог на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Грција да и одобри нов заем на две години вреден околу 30 милијарди евра, за да ги подмири доспеаните долгови.

Порачаа дека преговорите ќе продолжат дури по референдумот во недела, на кој Грците ќе се изјаснат за условите за натамошна меѓународна помош и всушност, останок во еврозоната.

Премиерот Ципрас ги повика граѓаните да кажат „не“ на понудените услови на кредиторите, за да ја зајакнат позицијата на владата во преговорите, додека анкетите моментно покажуваат дека мнозинството граѓани ќе гласаат за останување во еврозоната.

Инвеститорите се надеваат дека договорт помеѓу Грција и кредиторите би можел да се постигне деновиве, но јасно е дека преговорите ќе продолжат дури откако ќе биде познат исходот од референдумот.

Благодарение на добрите економски показатели, вчера пораснаа цените на акциите во девет од 10 сектори на S&P 500 индексот.

Остро за 1,3 отсто падна единствено енергетскиот сектор, како последица на најголемиот дневен пад на цената на нафтата на американскиот пазар од април. Цената на барелот потона за над 4 отсто, на 56,95 долари, по податоците дека минатата недела залихите во САД неочекувано пораснале, што укажува на слабост на побарувачката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП