18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен сообраќај надвор од градските средини

Зголемен сообраќај надвор од градските средини

soobrakaj-tekovno

Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Потсетување за возачите дека од средата (01.јули) започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Во истиот период забрана за движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони има и на магистралниот пат А2, делница Скопје-Охрид-Скопје. Забраната важи за време на викендите и тоа петок од 15.00 до 22.00 часот, сабота од 07.00 до 12.00 и од 18.00 до 24.00 часот и недела од 07.00 до 22.00 часот. Оваа забрана се однесува за период од 01.07. до 01.09. секоја тековна година.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП