20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото ослабна кон доларот, во фокус референдумот во Грција

Еврото ослабна кон доларот, во фокус референдумот во Грција

evra-evro-evra

Курсот на еврото во средата падна кон доларот на светските берзи откако Грција стана првата развиена држава која не исполни на време обврска кон ММФ.

Курсот на еврото во средата падна на 1,1115 долари, што значи дека ослабна за 0,4 отсто во спoредба со претходниот ден. Ова уследи по информацијата на ММФ дека Грција доцни со исплатата откако во вторникот не ја плати траншата од кредитот од 1,6 милијарди евра.

Во однос на јенот, во кој инвеститорите настојуваат да најдат сигурно прибежиште за капиталот во нестабилни времиња за економијата, единствената европска валута немаше значителни промени во однос на вчера и се задржа на 136,28 јени, откако во вчерашното тргување ослабна речиси еден отсто.

Со оглед на и натаму напнатата состојба, трговските активности на валутните пазари беа ограничени со оглед дека инвеститорите го чекаат референдумот во Грција, најавен за недела, на кој граѓаните треба да одлучат дали ги прифаќаат условите од пакетот помош.

Валутните аналитичари проценуваат дека еврото остро ќе падне ако конечно стане јасно дека Грција излегува од еврозоната.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја исклучи можноста од натамошни преговори со Грција пред завршување на референдумот, а нови насоки пазарот би можел да добие од повторениот состанок на министртите за финансии на еврозоната кои се собираат доцна попладне.

Од новите показатели од еврозоната во фокус е извештајот на лондонската истражувачка компании Markit кој покажа благо забрзување на растот на активностите во производниот сектор на еврозоната во јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП