21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија шест месеци по ред во дефлација

Словенија шест месеци по ред во дефлација

slovenija1

Потрошувачките цени на мало во Словенија се намалија во јуни оваа година за 0,7 проценти на годишно ниво, во однос на мајскиот минус од 0,5 проценти, што е шести последователен месец во кој земјата бележи дефлација, бидејќи цената на горивата и понатака врши притисок на инфлацијата.

Растот на цените на мало во јуни на месечно ниво изнесувше 0,1 проценти, објави словенечкиот завод за статистика, пренесува агенцијата СТА.

Цените на нафтените деривати најмногу придонесоа за падот на просечните цени на годишно ниво, при што течните горива поевтинија за 11,7 проценти а нафтените деривати и масла за 8,3 проценти.

Од друга страна, поттик на растот на инфлацијата најмногу даде поскапувањето на овошјето од 13,4 проценти во просек, додека цените на храната на месечно ниво паднаа за 9,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП